Антикорупциска ќе бара криминал во приватизацијата на парцелата спроти „Нова Македонија“

Од:

Државната комисија за спречување корупција ќе истражува дали има криминал во приватизацијата на парцелата за изградба на хотел спроти поранешна НИП „Нова Македонија“. Решение за приватизација на државното земјиште од 663 квадратни метри за 7 евра по квадрат на 29 декември минатата година добила компанијата „ЗСФ – ком“ на бизнисменот Фатмир Етеми, поранешен пратеник во Собранието од Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија – Народна демократска партија. Тој пред да побара приватизација на парцелата за хотел, во Општина Центар платил легализација на објект на соседната парцела, а од приватни сопственици откупил уште неколку парцели па сега бара да се спојат маркичките и на нивно место да изгради петнаесеткатница. Важечкиот план на местото на приватизираното земјиште предвидува изградба на хотел, а на соседната парцела, чиј сопственик исто така е Етеми, е предвидена зграда со намена домување.

Од Антикорупциска велат дека ќе го истражат целиот случај.

„Отворивме предмет по сопствена иницијатива. Се однесува на приватизацијата на државното земјиште за 7 евра за квадратен метар“, кусо изјавија од Државната комисија за „А1он“.

Од Владата денес известија дека случајот со приватизација на земјиштето спроти поранешна „Нова Македонија“ за седум евра по квадрат ќе биде последен и најавија нова, поголема цена по која ќе се приватизира државното земјиште.

Министерството за финансии и денес не одговори на прашањата од „А1он“ кој услов го исполнила компанијата „ЗСФ – ком“ за да го приватизира земјиштето.

Бизнисменот Етеми, пак, рече дека приватизацијата не ја направил сам туку му ја одобрило Министерството за финансии и во постапката, според него, нема ништо спорно. Најави дека ако не му одобрат да изгради петнаесеткатница, ќе го повлече целиот градежен бизнис надвор од државата.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски