Анонимен испраќач користи лого на УЈП за да ги наведе граѓаните да ги споделат своите податоци од дебитните и кредитните картички

Од:

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку смс-пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

„Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина ,, Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija. Овој линк е лажен и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи апелира да не се отвараат овие смс-пораки и да не се отвара линкот, а доколку некој го отворил линкот, да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што истите можат да бидат злоупотребени. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација“, соопштија од Управата за јавни приходи за „А1он“.

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура