Антикорупциска со јавна опомена за две лица за судир на интереси

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) констатира состојба на судир на интереси кај лицата Ѓоре Стојковски и Илбер Исеновски.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, ДКСК се обратила до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции, односно две од трите, кои истовремено ги извршуваат.

Како што соопшти денеска ДКСК, Ѓоре Стојковски и Илбер Исеновски не постапиле по барањето на комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси ДКСК донела одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.

Ѓоре Стојковским, се наведвуа во соопштението, истовремено со функцијата член на Совет на Општина Гази Баба ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и услуги „ИНВЕСТ – ПРОМ ЃОРЕ“ ДООЕЛ Скопје.

Илбер Исеновски пак, истовремено со функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ги извршува и функциите ВД директор во Јавното претпријатие „КАЛЕ“ – Центар Жупа од Општина Центар Жупа и менаџер – директор без ограничување во Земјоделска задруга „НОВ ЖИВОТ“ с. Г. Папрадник, Центар Жупа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција