Анкетарите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ на терен

Од:

A1  по вчерашниот текст и информација од граѓани од општина Центар, доби писмо од наш читател од Велес, со слични укажувања. Писмото ви го пренесуваме во целост.

„Здраво А1он,
После вашиот вчерашен текст, за сите можни кандидати од ДПМНЕ против Жерновски за градоначалници во Општина Центар, со анкетни јавувања, имам и јас слична приказна но за мојата Општина Велес.

Имено, веќе три пати по ред за само една недела, дома ми  ѕвонеа три различни анкетни агенции (на К-15 ми текнува), кои прашуваа, скоро исти прашања.

„Какво мислење имаме (позитивно или негативно) за лицата Славчо Чадиев (сегашен претседател на совет на Општина Велес) Горан Петров (сегашен градоначалник), Илија Димовски, Александар Колев (член на ДПМНЕ), некоја директорка на училиште со посебни потреби и Аце Коцевски (кандидат од СДСМ).“

Потоа следуваше  прашање: „За кого би гласале доколку се кандидира еден од кандидатите на ДПМНЕ против Аце Коцевски. И така сите ги заменуваа од ДПМНЕ, само Аце беше од спротивна страна“. 

А1 доби повици од граѓани и во општина Аеродром. Членови на ВМРО-ДПМНЕ од врата на врата ги прашуваат граѓаните дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Во случај на негативен одговор, ги прашуваат граѓаните, дали би сакале да станат членови на партијата, ако и на ова добијат негативен одговор, прашуваат: Зошто?

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?