Анкета: Тито е најзаслужен за создавање на македонската држава

Од:

Онлајн анкета на истражувачкиот центар на Макфакс покажува дека граѓаните сметаат дека најзаслужен за создавање на македонската држава е Тито.

Од 2908 анкетирани кои се приклучиле на гласањето, на прашањето „Кој е најзаслужен за создавањето на македонската држава“, 56% одговориле Тито. За Гоце Делчев гласале 18,5 проценти, за Методија Андонов Ченто 14,5%, а за Киро Глигоров 11 проценти од гласачите.

Од 2908 што учествувале во анкетата, 45,8 проценти се жени, а 54,2 проценти се мажи.

Во однос на возраста, 11,5 проценти гласале кои имаат од 18 до 24 години, 20 проценти се од 25 до 34 години, најголемата група која гласала е на возраст од 35 до 44 години односно 23,3 проценти. 16,7% се на возраст од 45 до 54 години, 18,8 % од 55 до 64 години, и 9,7 % над 65 години.

Најголем број гласови има од Македонија, односно 83,9 %. Анкетата беше спроведена на 14 веб страници во траење од 24 часа, односно од 13 декември во 14 часот до 14 декември во 14 часот.

Би можело да ве интересира

Се помалку Руси ја поддржуваат војната

Горан Наумовски

Анкета: Поддршката за инвазијата на Путин кај Русите првпат паѓа под 50 отсто

А1он

Гаревски испитува за паниката и стравот од битолскиот земјотрес од минатиот месец и скопскиот од 1963

Маја Илиевска-Пачемска

Анкета на Рејтинг: 52,5% од граѓаните на Скопје се согласуваат дека состојбата во градот е подобрена во последните 4 години

Катерина Павлова-Николовска

Анкета: Американците се подготвени да примаат пониска плата, само да работат од дома

Анкета на „Брима“: СДСМ и Зоран Заев со најголема доверба од граѓаните

Ана Ололовска