А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Анкета: Скопјани не се задоволни од такси превозот во градот

by А1он11/02/2020 - 15:0811/02/2020 - 15:08380
Share0

Најголем дел од жителите на главниот град на Македонија им дале единица и двојка на такси услугите во Скопје, на скалата од 1-5, во онлајн анкетата на „Макфакс“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Дури 21.8 отсто или 938 лица дале оценка единица, а 26.8 проценти (1152) такси услугите ги оцениле со двојка. Тројка е оценката што ја дале 39.3% (1687) од лицата кои учествуваа во анкетата.

Само 2.5% (109), односно 9.6% (411), скопските такси компании ги оцениле со петка, односно четворка.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тоа што најмногу им пречи на жителите на Скопје во такси превозот, се старите и валкани возила, 47.2% (2028) од учесниците во анкетата. За 37.4% (1605) тие се недостапни кога им се потребни, а 15.5% (664) сметаат дека возачите се нељубезни.

Најмногу им пречат старите и валкани возила, недостапноста кога им се потребни и нељубезните возачи.

На прашањето: „Според вас, што би требало да се смени и кои новини да се внесат во услугите на такси-превозот?“, 52,8% или 2269 лица сметаат дека тоа се нови возила. 25.3% (1086) би сакале да се плаќа со картичка, а 21.9% (942) би сакале да нарачуваат такси преку апликација.

Скопјани би сакале нови возила, плаќање со картичка и нарачување преку апликација во такси услугите во градот

Токму претходно наведените оценки, замерки и потреби најверојатно се причина дури 51.3% или 2206 од учесниците во анкетата да не користат такси услуги. 25% (1075) се возат со такси повеќе од 4 пати месечно, а 23.6% (1016) ги користат такси услугите од еднаш до три пати месечно.

Во online анкетата на Макфакс, спроведена од 28. до 31. Јануари оваа година, учествувале 4297 лица.

anketa

Би можело да ве интересира

Речиси две третини од Американците воопшто не го поддржуваат Трамп

Горан Наумовски03/05/2026 - 16:3103/05/2026 - 16:41

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он06/04/2026 - 15:5906/04/2026 - 18:50

Анкета на Gallup International Association: Во Македонија Трамп има 48%, а Путин 41% поддршка, регионот поделен

Предраг Петровиќ09/02/2026 - 15:2109/02/2026 - 17:26

Анкета на ФОМ: Русите сè повеќе ја поддржуваат политиката на Путин

Горан Наумовски28/11/2025 - 14:36

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија

Катерина Ѓуровски10/11/2025 - 09:16

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво досега

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:1729/10/2025 - 07:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто