Медиумската групацијата „Клип медиа“ во соработка со Институтот за истражување и развој „Стратум R&D“ спроведе истражувачки проект за ставовите и перцепцијата на граѓаните.
Целта беше да се идентификуваат клучните ставови на граѓаните за политиките, за иднината но и за најактуелните политичари на нашата политичка сцена.
Истражувањето е спроведено преку телефонски интревјуа, на 900 испитаници, од целата територија на државата.
Попозитивна проекција за иднината на граѓаните е доколку СДСМ остане на власт
Во однос на сите прашања видлива е поларизација кај гласачкото тело меѓу двете најголеми политички партии, има одредена разочараност кај неопределните граѓани, највидлива во делот на правосудството.
Согласно резултатите, попозитивна проекција за иднината граѓаните имаат доколку СДСМ остане на власт. 31.4% од испитаниците рекле дека состојбата ќе се подобри ако СДСМ остане на власт, додека 24.9% сметаат дека подобрување е можно доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.
Ако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт, 37% се плашат дека состојбата ќе се влоши, додека пак истото за СДСМ го мислат 34.2%.
Ако остане ДУИ на власт дури половина од гласачите очекуваат влошување на состојбата.
Граѓаните сметаат дека Зоран Заев ќе биде премиер по изборите на 12 април
Ставовите кон лидерите на двете најголеми политички партии одат во прилог на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најголем број 43% од испитаниците сметаат дека тој заслужува, целосно или делумно, да биде премиер на РСМ.
За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, 31% од граѓаните сметаат дека тој заслужува, целосно или делумно, да биде премиер на РСМ.
Очекувањата на граѓаните, според ова истражување е дека Зоран Заев ќе биде следниот премиер, по изборите на 12 април.
На прашањето „Кој ќе биде следниот премиер“ 37% од граѓаните сметаат дека тоа ќе биде Зоран Заев а 25% дека тоа ќе биде Христијан Мицкоски.
Која партија заслужува да биде владејачка партија е прашањето на кое граѓаните сметаат дека СДСМ е партија која заслужува да формира Влада по изборите со 44%, потоа 34% сметаат дека тоа е ВМРО ДПМНЕ, и 17% дека тоа треба да биде ДУИ.
Најголеми проблеми на кои треба да се фокусира Владата се економијата, борбата против криминалот и корупцијата, реформите во правосудството и покачувањето на платите.
Подобрување на економијата
Борба против криминал и корупција
Реформи за правично судство
Покачување на платите
Актуелни теми:
Од актуелните теми, најголем процент од граѓаните, 47% сметаат дека носењето на Законот за јавно обвинителство е чекор напред во борбата против криминалот и корупцијата, наспроти 37% кои сметаат дека не е.
Законот за ЈО се оценува како неопходен за зголемување на ефикасноста во борба против криминал и корупција, и најсилен мотив за донесување на овој Закон е добивање на датум за преговори со ЕУ.
Евалуација на политиките на политичките партии: