Анкета на МЦМС и Социетас Цивилис: На претстојните избори победник ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните локални избори според 48,5 проценти од граѓаните опфатени со завршната анкета „Граѓаните за изборите“ што ја спроведоа Меѓународниот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас Цивилис.

За 15,5 проценти од испитаниците победник на изборите ќе биде СДСМ, а за 8,5 проценти ДУИ. Кандидатите на ДПА би победиле според 4,3 проценти, а на НДП 1,9 проценти. На прашањето „Кој сметате дека би победил на претстојните избори“ 17,7 проценти од анкетираните граѓани дале одговор „незнам“, а 3,3 проценти не сакале да одговорат.

Според 72,8 проценти, локалните избори ќе бидат фер и демократски, а со таков став не се 20 проценти.

Третина од граѓаните, односно 32,8 проценти се изјасниле дека изборните кампањи воопшто не влијаат на нивниот избор, а имаат влијание кај 17,8 проценти од анкетираните.

Граѓаните се поделени со тоа дали постојат фер услови за сите политички партии да ја спроведуваат својата кампања. За 32,1 процент целосно постојат услови, за 31,7 проценти делумно, а за 27,3 воопшто не постојат.

Одлучувачка улога кај граѓаните за кого ќе гласаат имаат досегашните резултати на кандидатите, потоа нивната партија, па семејството. Мало влијание има изборната кампања, а најмалку пријателите и објавените анкетни резултати.

Анкетата беше спроведена вчера на репрезентативен примерок од 825 испитаници.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?