Анкета на „Макфакс“: 67,7 отсто од граѓаните сметаат дека метлата на Заев нема да потфати никого

Од:

Истражувачкиот центар на „Макфакс“ спроведе онлајн анкета со прашање „Кого ќе потфати метлата на Заев?“ во траење од 24 часа спроведена на 15 веб-страници.

Најголем дел од испитаниците, односно 67,7 отсто одговориле „Никого“ додека пак 11,3 отсто одговориле „министрите“. 11,1 отсто сметаат дека директорите се оние кои ќе бидат разрешени, а според 9,9 отсто од испитаниците, внатрепартиските функционери во општинските организации ќе бидат на мета на премиерот Зоран Заев по претседателските избори.

На анкетата вкупно гласале 3,887 граѓани од кои 69,71 отсто мажи и 30,29 отсто жени. Во однос на возраста најзастапени во анкетата се оние од 25 до 34 години односно 36,78 отсто, додека пак 34,24 отсто од тие што гласале се на возраст од 35 до 44 години.

Анкетата започна на 24.04.2019 во 12 часот и траеше 24 часа.

Би можело да ве интересира

Анкета: Речиси 70 отсто од Французите ги поддржуваат протестите поради растот на трошоците за живот

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

Според 78 отсто од Германците, Мерц не е вистинската личност за канцелар

А1он

Речиси две третини од Американците воопшто не го поддржуваат Трамп

Горан Наумовски

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он