Анкета на Институтот за демократија „Социетас цивилис“: Да се почитува редот во Собранието

Од:

Над 72 отсто од граѓаните сметаат дека ако пратениците не го почитуваат редот, треба да се отстранат, а 94,1 отсто одговориле потврдно на прашањето дaли треба да се почитува редот и покрај заостранети разлики. Средната оценка за работата на Собранието е 2,82, а граѓаните позитивно ја оценуваат и работата на првиот парламентарец Трајко Вељаноски.

Ова го покажува редовната телефонска анкета за перцепцијата на јавноста за работата на Собранието на Република Македонија спроведена на 17 и 18 јануари оваа година. Анкетата е спроведена во рамките на Меморандумот за соработка меѓу Собранието и Вестминстерската фондација за демократија. Телефонската анкета е спроведена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје и со неа се опфатени 1.123 испитаници на територијата на цела Република Македонија. Имајќи ги предвид настаните што се случија пред и на 24 декември лани, кои значително можат да да влијаат врз пшерцепцијата на граѓаните за работата на Собранието, анкетата беше дополнета со уште две прашања.

На прашањето дали да се почитува редот и покрај заострените односи, со „да“ одговориле 1.056 граѓани – 94,1 отсто, со „не“ 46 граѓани – 4,1 и со „не знам“ 21 граѓанин, односно 1,8 отсто.

На прашањето ако пратениците не го почитуваат редот, дали да се отстранат со „да“ одговориле 811 граѓани односно 72,3 отсто од испитаниците, со „не“ 191 испитаник – 17,1 отсто и со „не знам“ 120 граѓани – 10,7 отсто.

Средната оценка за работата на Собранието на Република Македонија во изминатата година е 2,82 што споредбено со резултатите од претходните анкети е за 0,04 процентни поени пониска во однос на ланската анкета и за 0,42 повисока во однос на 2010.

Во однос на работата односно водењето на седниците од вкупно 1.123 испитаници позитивно се изјасниле 603 односно 53,7 отсто, негативно 325 односно 29 проценти и со „не знам“ одговориле 195, одосно 17,4 проценти.

Споредбено со резултатите од 2010 и 2011 година, се забележува позитивен тренд на перцепцијата на граѓаните во однос на работата и водењето на седниците од претседателот Трајко Вељаноски. Од вкупно 1.123 испитаници позитивно се изјасниле 603 односно 53,7 отсто, негативно 325 односно 29 отсто, а со не знам 195 – 17,4 отсто. Во 2010 година позитивно се изјасниле 49,2 отсто, а во 2011 – 53,1.

Граѓаните негативно ја оценуваат работата односно дискусиите на пратениците на пленарните и комисиските расправи па така од вкупно 1.123 испитаници позитивно се изјасниле 321, односно 28,6 отсто, негативно 489 односно 43,6 и со „не знам“ одговоралие 313, одосно 27,9.

Во однос на отвореноста на Собранието за јавноста, 62,7 се изјасниле позитивно, со „не“ одговориле 28,3 отсто  и со „не знам“ 9 отсто од испитаниците.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Речиси две третини од Американците воопшто не го поддржуваат Трамп

Горан Наумовски

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он