А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Анкета на ЦИКП: Груевски најтолерантен политичар, ВМРО-ДПМНЕ најдобро ќе се справи со невработеноста

by А1он25/09/2013 - 12:0125/09/2013 - 12:28169
Share0

Никола Груевски е најтолерантен како политичар, покажуваат резултатите од телефонската анкета спроведена во периодот од 20 до 23 септември со 1.092 испитаници, на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП).

Следете a1on на Instagram Instagram

На прашањето кој лидер на политичка партија сметате дека е најтолерантен, 26 проценти од испитаниците се изјасниле за Груевски, 7 проценти за Зоран Заев, за Али Ахмети 5 и 2,5 проценти за Лилјана Поповска, додека 2 проценти за Руфи Османи.

Анкетата покажува дека граѓаните сметаат оти ВМРО – ДПМНЕ најдобро би се справила со меѓуетничките односи и со невработеноста, а најдобро ќе се грижи и за животната средина.

Од испитаниците 17 отсто на прашањето која партија најдобро би се справила со меѓуетничките односи, се изјасниле за ВМРО – ДПМНЕ, за ДУИ и СДСМ 4 проценти и 1 процент се изјасниле за ДПА. Останатите партии добиле незначителна поддршка по ова прашање.

Следете a1on на Youtube YouTube

Дури 30 отсто од анкетираните сметаат дека ВМРО – ДПМНЕ најдобро ќе се справи со невработеноста. За ДУИ се изјасниле 3, за СДСМ 4 проценти.

Согласно резултатите од анкетата, ВМРО – ДПМНЕ најдобро ќе се грижи за животната средина односно 18 проценти од испитаниците се изјасниле за оваа партија, а 13 отсто за ДОМ.

Истражувањето, посочуваат од ЦИКП, е спроведено во рамки на проектот поддржан од ЕУ „Партенрство за отворена влада-право да знаеш во ЈУИ Европа“.

anketa

Би можело да ве интересира

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 10:26

Според 78 отсто од Германците, Мерц не е вистинската личност за канцелар

А1он12/09/2026 - 21:21

Речиси две третини од Американците воопшто не го поддржуваат Трамп

Горан Наумовски03/05/2026 - 16:3103/05/2026 - 16:41

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он06/04/2026 - 15:5906/04/2026 - 18:50

Анкета на Gallup International Association: Во Македонија Трамп има 48%, а Путин 41% поддршка, регионот поделен

Предраг Петровиќ09/02/2026 - 15:2109/02/2026 - 17:26

Анкета на ФОМ: Русите сè повеќе ја поддржуваат политиката на Путин

Горан Наумовски28/11/2025 - 14:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео