Анкета на „Брима“: СДСМ и Зоран Заев со најголема доверба од граѓаните

Од:

Одговорните, државотворни политики на СДСМ се препознаени од граѓаните и тоа е потврдено со бројни испитувања на јавното мислење од релевантни агенции, велат од СДСМ.

Една од нив е и анкетата изработена од агенцијата Брима каде се потврдува дека СДСМ е со најголема доверба од граѓаните.

На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.

Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која настапивме на парламентарните избори, тогаш рејтингот на оваа коалиција е уште повисок и изнесува 22,8 отсто.

Со ова се потврдува високата доверба на граѓаните кон концептите и политиките на СДСМ, се потврдува дека СДСМ останува силен, изразит фаворит на претстојните избори, велат од Партијата.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните. На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.

Повеќе од двојно е разликата во рејтингот помеѓу претседателот Заев и Мицкоски.

Тоа е потврда дека граѓаните знаат дека со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев се можни напредокот, развојот и интеграцијата. Тоа е потврда дека граѓаните не му веруваат на Мицкоски кој освен деструкција, блокади и лажни вести не може да понуди ништо друго, велат од СДСМ.

Споредено со исто истражување од „Брима“ спроведено во јули месец 2020 година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон претседателот Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ, што покажува дека довербата од граѓаните постојано се зголемува.

Огромно мнозинство од македонските граѓани остануваат посветени на европската агенда, потврдуваат дека нашата иднина е во ЕУ.

На прашањето „Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?’ огромни 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8 отсто одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ.

Ова значи дека нашите граѓани се силно поставени на европскиот курс, дека не гледаат алтернатива на ЕУ.

Истовремено, ова е силен пораз за структурите кои заговараат свртување од европската агенда, кои заговараат враќање назад во меѓународна изолација и поделби дома, соопштува СДСМ.

Анкетата на „Брима“ е правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку ТАПИ методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Орце Костов

Се помалку Руси ја поддржуваат војната

Горан Наумовски

Анкета: Поддршката за инвазијата на Путин кај Русите првпат паѓа под 50 отсто

А1он

Гаревски испитува за паниката и стравот од битолскиот земјотрес од минатиот месец и скопскиот од 1963

Маја Илиевска-Пачемска