Анима Мунди: Се укажува на можноста вработени сами намерно да одлучиле да ги убијат животните во Зоолошката

Од:

Згрозени, но не и изненадени од трагичната смрт на трите копитари во Зоолошка градинка Скопје и овој пат не би изостанале од осуда кон оваа институција која што низ годините единствено што докажа е некомпетентност да одржува во живот животни чије место не е позади решетки велат од Аним Мунди.

– Неприфатливо е да исклучително ретки животни на раб на истребување, безумно завршат во субстандардна зоолошка во Македонија – која патем го загуби и кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) – и умрат едно по едно во ист ден. Досега официјалното раководство до моментов се нема произнесено за ништо, што е рамно на скандал. Не реагиравме вчера со цел да добиеме појасна слика за она што се случило. Добивме индиции за тоа дека во Зоо Скопје работи таков кадар, што е можно и самиот да ги убил, отрул животните. Повторуваме, се укажува на можноста вработени поединци сами намерно да одлучиле да ги убијат.

1. Бараме итно да се вештачат снимките од сите камери во ЗОО Скопје, доколку изостанува видео надзор во институцијата, најстроги казни за раководството
2. Бараме информација дали и колку од ветеринарните лица во ЗОО Скопје се доктори специјалисти за лекување на диви животни, доколку такви воопшто има
3. Бараме итна надворешна и независна истрага, аутопсија која не би можела да биде лажирана, го повикуваме донаторот на трите коњи овој пат да ја обезбеди финансиски, за да се превенира во најмала рака и други животни да завршат „донирани“’ на овој начин, во оваа недојдија!
4. Бараме мораториум на внес на нови животни
5. Дивите животни не се украс, атракција и експонати туку живи суштества и со третманот кој што го добиваат во зоолошката градина се единствено изложени на стрес, страв и страдање, неприродни за природниот хабитат од кој примарно потекнуваат. Склони се на самоповредување, бавно умирање, тешка депресија. Не поддржувајте и не посетувајте животни зад решетки и Зоолошки за животни се вели во соопштението од Аним Мунди.

Би можело да ве интересира

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Од денеска повторно може да се оди во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина повторно ќе работи од сабота

Советот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во ЗОО Скопје

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип

Катерина Ѓуровски