Анима Мунди апелира за помош и спасување на милениците од поплавените подрачја

Од:

Итно е потребно привремено сместување на животни од поплавените подрачја, миленици на луѓе на кои им е поплавено се, кои загубиле и членови од своите семејства! Помогнете, одвојте дел од вашите куќи и дворови, обезбедете простор на сигурно барем неколку дена! Контактирајте не веднаш ако може да помогнете, апелира Здружението за заштита на животни, Анима Мунди.

Од таму велат дека е неопходна храна, финансии за да се купи храна, многу животни се оставени сами на себе – храната им е единствена шанса да преживеат!

Неопходни се ампули за шуга (неостамосан) или средства за превенција (неопитроид и слично), како и средства за дезинфекција!

https://www.facebook.com/ajeta.rexhepoviq/videos/1809660582603032/

Од здружението апелираат и на ажурност на институциите за отстранување на мршите од умрените животни, за да не се шират зарази.

-Сите кои имаат помош од ветеринар информираме дека Агенција за храна и ветерина има поставено дежурни ветеринари од тимовите стационирани во пунктовите во населените места Инџиково и Црешово и во основните училишта 25 Мај во Сингелиќ и Кирил и Методиј во село Стајковци. Имате право на помош во храна и ветеринар. Доколку побараната помош не ви е на време овозможена, ве повикуваме да не контактирате нас на тел броеви :077 487 253 и 077 487 255.

Доколку сакате ќе ви обезбедиме контакти од лица каде е помош потребна за да ја доставите сами. Или доставете ја храната во Луна пет, до Американ колеџ, лице за контакт: Деспина 071 973 131

Денарска сметка: 240090002006130
Депонент: Уни Банка АД – Скопје
Доброволен прилог по ваша желба

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он