Ангеловска-Галовеј: Билатерален договор за партнерство за да продолжи позитивниот тренд во размената меѓу двете земји

Од:

Економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Велика Британија, новата реалност што ја диктира Брегзит и обезбедувањето поддршка за имплементирање на проектот за подобрување на фискалната одржливост, ефикасност и траспарентност на управувањето со јавни финансии беа главни теми на разговор на првата средба на министерката за финансии Нина Ангеловска и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Од Министерството за финансии соопштуваат дека надворешно-трговска размена меѓу двете земји има растечки тренд. Во 2018 година бележи годишен раст од 9,3 проценти, со стоковна размена од 832,2 милиона евра, додека растот во првите седум месеци од 2019 година е поизразен и изнесува 43,8 проценти во споредба со истиот период од 2018 година. Во 2018 година извозот во Британија оствари годишен раст од 46,7 проценти, додека во периодот јануари – јули 2019 година изнесува 31,1 проценти.

Министерката Ангеловска и амбасадорката Галовеј,како што се наведува, се заложиле за продолжување на позитивниот тренд во размената и во таа насока во тек се преговори со Велика Британија за склучување билатерален договор за партнерство, трговија и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединето Кралство, кој ќе претставува продолжување на сегашниот договор за Стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија, откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?