Ангеловска: Буџетот на Здравство е навистина добро скроен и може да издржи дополнителни потреби

Од:

Буџетот е во добра состојба, ликвиден и ги сервисира потребите. Буџетот на Министерството за здравство е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, рече во гостување на емисијата Економски магазин министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на прашање за способноста на буџетот да одговори на новите потреби поврзани со корина вирусот.

– Буџетот е во добра состојба, ние се наоѓаме на почетокот на годината, ако го погледнеме и Буџетот на Министерството за здравство, тој е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, како што сега имаше потреба да се набавува дополнителна заштитна опрема, за сето тоа, во моментот нема потреба од користење на резерви од превземање на средства од други министерства, затоа што Министерството за здравство има така скроен Буџет за да може да одговори и на ваква состојба – рече Ангеловска.

Таа посочи дека најопасното нешто е паниката, и дека е потребно е да бидеме будни и координирани. Рече дека во Министерството за финансии веќе има состаноци, како и со сите економски ресори и се прават симулации и потенцијални сценарија, кои всушност се дел од планирањето и предвидувањето и следењето во Министерството за финансии, без разлика на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Мицкоски го присвои државниот буџет – Левица со 80 амандмани за враќање на јавните пари во служба на граѓаните

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година – особено значаен сегмент се капиталните инвестиции

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните