Ангелов: Споменик на Ќосето – да, но не пред судот

Од:

Стојанче Ангелов на неговиот Фејсбук профил објави дека е за поставување на споменик на Андон Ќосето, но не пред судот.

„Херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата.

За жал, поради масовната (зло)употреба на неговото име во дневно-политички и други цели, неговиот лик денес е извалкан и буди негативни емоции кај дел од македонскиот народ.

Но, без разлика на неговата патриотска величина, сепак, на споменикот на Ќосето местото не му е пред Судот. Ќосето не бил судија, ниту пак судел. Ќосето пресудувал. Им пресудувал на лицата на кои им судела Организацијата.

Затоа, споменик на Андон Ќосето треба да има но на некоја друга репрезентативна локација од која нема да буди негативни емоции и асоцијации“ напиша Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Ангелов и Максути: Располагаме со три ертрактори подготвени за дејствување во случај на големи пожари

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Ангелов: Скандирањето „УЧК” ја разгорува меѓуетничката омраза

ВИДЕО: Ангелов нуди бесплатна обука за деца над 16 години да ракуваат со пиштол, ама сами да си ги платат куршумите

Ландов