Ангелов: СДСМ има целосна поддршка за блокадата на буџетот

Од:

Зошто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не презедоа ништо кога Талат Џафери молчеше со денови и кога им читаше поезија, или пак, молчењето на Џафери беше договорено меѓу нивните лидери, праша денеска лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

– Достоинство им дава целосна поддршка на СДСМ за блокадата на буџетот. Доста се трошеа пари за глупости во истиот период додека граѓаните немаат пари да си купат леб. Со предлогот на СДСМ ќе нема пари за владини реклами, за економски промоции, за фонтани и споменици, за нови објекти од „Скопје 2014“, за нов мебел, нови возила и нови згради за Владата и министерствата и ќе се заштедат најмалку 205 милиони евра. Колкаво е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од нивниот однос кон бранителите – изјави Ангелов.

Тој вели дека се согласни со ставот на СДСМ доколку во Изборниот закон не се направат неопходните измени и не се вградат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, и доколку не се исчисти Избирачкиот список, да не се учествува на претстојните локални избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

(ВИДЕО) Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

Горан Наумовски

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година