Ангелов: Пожарот во депонијата кај Арачиново е подметнат

Од:

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи, изјави вечерва директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

– Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата. Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје. Гаснењето ќе биде сложено бидејќи обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново, изјави Ангелов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент