Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој се упати кон планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на Водно каде утрово изби пожар, информира дека биле запалени бандера во близина на детското одморалиште, а еден час подоцна и планинарскиот дом. Искршено било и стаклото на продавницата на врвот на Водно.

– Се работи за вандализам на најмалку три места. Од она што можев лично да го забележам е дека пожарот е започнат надвор од Домот од куп ѓубре или дрва кои биле запалени. Според кажувањата на првите очевидци, пожарот се проширил на дрвената рамка на прозорецот на планинарскиот дом, вели Ангелов.

Пријавата за запалена бандера на средно Водно е добиена околу 7.20 часот, а еден час подоцна и пријавата за планинарскиот дом.

– На лице место забележале дека покрај опожарениот дом, скршено е и стаклото на продавницата, изјави Ангелов.

Жичарницата, како што информира Ангелов, не работи и не се знае кога ќе продолжи со работа поради прекин на електричната енергија.

Екипи на Министерството за внатрешни работи се на терен и работат на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени