Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Од:

Претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов кој излезе од коалицијата со СДСМ и ДУИ и премина во коалицискиот табор предводен од ВМРО-ДПМНЕ, реагираше на најавата дка техничкиот премиер Талат Џафери ќе го разреши од директорската позиција во Центарот за управување со кризи.

„Колку тоа некому да не му се допаѓа, вклучително и на мене, непобитен факт е дека поранешниот командант Форина од УЧК денес е легитимен претседател на македонската Влада.

Како Премиер тој има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на Премиерот за мое разрешување, подршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување.

Свесен за комплексноста на мојата професионална и политичка позиција јас благовремено го известив најпрво генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ а потоа и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Двајцата се изразија позитивно за мојата професионалност како директор на ЦУК и сугерираа дека во овој чувствителен период за државата треба да останам на чело на оваа значајна институција без разлика на политичката одлука на Достоинство за напуштање на владината коалиција.

Нивниот коректен став го објавив јавно пред неколку дена на прес конференцијата на која ја известивме јавноста дека излегуваме од коалицијата предводена од СДСМ. Оттука сметам дека мојата средба со премиерот Талат Џафери, со кого од поодамна имам коректна комуникација, барем на оваа тема е излишна, бидејки, повторувам, Достоинство јавно објави дека излегува од коалицијата предводена од СДСМ.

Како директор на ЦУК мој приоритет секогаш била, е, и ќе биде, безбедноста на граѓаните поради што максимално посветено и професионално ја извршувам оваа одговорна функција. Доколку Владата се согласи со предлогот на премиерот Талат Џафери и смета дека треба да бидам разрешен јас без противење ќе ја прифатам нејзината одлука“, напиша Ангелов на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарите во Крушје и Локвица ќе бидат потешки за гаснење, предупредува Ангелов

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

А1он

Ангелов: Во земјава активни се пет пожари, вчера изгаснавме 66

А1он

ВИДЕО: Тежок е пожарот кај Николич, најкритичен кај „Самоков“ – се гаснат во воздух

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника

А1он

12 пожари низ Македонија, четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати

Горан Наумовски