Ангелов до граѓаните: Убаво е да се делат совети, но оставете го Главниот штаб да си ја врши работа

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов бара од граѓаните да го остават Главниот штаб да си ја врши работата, а по низата сугестии и барања за интервенции со хеликоптери за брзо гаснење на пожарите. Ангелов вели дека имаат помош од граѓаните, но товарот за гаснење паѓа кај државните институции.

„Апелирам до граѓаните, убаво е да апелираат и да делат совети, но да остават на Главниот штаб да си ја врши својата работа.Бидејќи постојано сме предмет на критики од страна на опозицијата, поканувам претставник на Комисијата за одбрана во Собранието да дојде и да присуствува на седниците на главниот штаб. Отворена покана до ВМРО-ДПМНЕ, нивни претставник од Комисијата да дојде да присуствува и одблиску да ја набљудува работата на главниот штаб. Можеби тоа ќе помогне за да сфатат дека работата не е стихијна, дека имаме целосна контрола“, вели Ангелов.

Тој кажа дека не е точно дека секаде локалното население ги гасне пожарите, но дека имаат своја улога со помошта.

„Гори Балканот, не гори само Македонија. Пожарите во Турција, од вчера, завчера и во Грција се страшни. Пожари имаме насекаде, причините ги знаете. Во овој момент треба да се солидализираме и сите заедно, секој колку што може да помогне да се изгаснат пожарите. Клучниот терет паѓа на претставниците на институциите. Хеликоптерите имаат голема улога особено на непристапните терени, како и сите други субјекти во системот за управување со кризи. Безмалку на сите места, локалните жители помагаат во гаснењето на пожарот, односно, си го бранат своето, пожарот да не ги изгори нивните ниви, шума, куќи. Неточни се тврдењата дека било каде, локалното население го изгаснало било кој пожар. Да, тие помагаат. Ние сме им благодарни, бидејќи немаат опрема и обука, но имаат срце, храброст и љубов“, додава Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов тврди дека институциите нема да бидат изненадени од снегот

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Левица: Изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5% од вкупната шумска површина – кој ќе понесе одговорност?!

Четворица битолчани заработија кривични за предизвикување на пожари

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено