Ангелов: Чекаме претставник од ВМРО-ДПМНЕ во ЦУК

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска соопшти дека веќе неколку дена чекаат претставник од ВМРО-ДПМНЕ за да присуствува на седниците на Главниот штаб и да ја следи работата.

-Да го повторам нашето барање до ВМРО-ДПМНЕ. Веќе неколку дена чекаме претставник од Комисијата за одбрана и безбедност да присуствува на седниците на Главниот штаб, да ја следи работата, да даде забелешки, доколку има и да ја подобриме заедно работата на Главниот штаб, рече на прес-конференција Ангелов.

Ангелов пред неколку дена ги покани ВМРО-ДПМНЕ да предложат член кој ќе учествува на седниците на Централниот штаб. Според Ангелов, можеби тоа ќе помогне и опозицијата ќе увиди дека работата не е стихијна и оти имаат целосна контрола.

Од ВМРО-ДПМНЕ прифатија и јавно ги понудија капацитетите со кои располагаат. Посочија дека ќе предложат свој член во тоа тело, кој ќе дава предлози за надминување на кризата. Според опозицијата, сегашното тело кои раководи со гаснењето на пожарите нема идеи, предлози за превенција и нема координација, а се е оставено на помош на странците, нашите пожарникари и месното население.

Би можело да ве интересира

Под контрола се пожарите во „Вардариште“, на Кожуф, во „Јасен“ и кај Никуштак

Горан Наумовски

Ангелов: Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце

ЦУК: Граѓаните денеска ќе добијат тест-СМС порака

ЦУК: Активен е само еден пожар на отворен простор

Ангелов: Состојбата со пожарот на планината Готен е смирена од беровска страна

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори