(ВИДЕО) Ангелевски: Досега има 7 пријави за делење на поткуп на гласачи

Од:

Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Тони Ангелевски на првата прес-конференција на МВР изјави дека од отворањето на гласачките места до 12 часот имало вкупно 7 пријави за делење поткуп.

Тој не откри конкретно за што се работи само кажа дека полицијата работи на случаите.

Покрај овие 7 пријави, Ангелевски рече дека нема други посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, освен еден случај во Бутел во училиштето „Петар Здравковски-Пенко“, каде имало расправа помеѓу двајца граѓани, но инцидентот немал никаква поврзаност со изборите бидејќи двајцата биле во расправија од претходно.

МВР ги повика граѓаните доколку забележат било какво нарушување при гласањето да пријават во полиција. Истоо така ги повика лидерите на политичките партии да се воздржат од било какви инциденти поврзани со денешните локални избори.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп