Ангелевска: Упорно велевте дека секој денар кој што ќе биде потрошен за коридорите ќе биде јавно објавен, за да потоа кажете дека тоа ќе остане тајна, па како граѓаните да ви веруваат

Од:

Денес го имаме третиот закон кој што е донесен на Комисија со европско знаменце, законот за градење. Кога зборувавме претходните неколку дена за законот за урбанистичко планирање тука беше и министерот за транспорт и врски. А, што се однесува до мојот говор поставив јас неколку прашања до министерот, меѓутоа во неговата реплика јас не добив одговори, истакна Силвана Ангелевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Ангелевска додаде дека синдикатите најавуваат дека ќе поднесат претставка до Уставен суд за да го обжалат решението за повеќечасовна работна недела.

„Сакаме да се гради, тоа е неспорно. Нашиот сомнеж знаете што е? Сета ова нетранспарентност, сакате да се повикувате на транспарентност ама всушност е антитранспарентност. Нити е договорот објавен“, нагласи пратеничката.

Таа посочи дека со самото тоа што договорот упорно не се објавува тука се јавуваат најголемиот број на сомнежи.

„Јас секогаш сакам да се повикам на одредени изјави кои што ги даваат владините функционери и да видите која е контрадикцијата што ја прават. Еве една изјава од Влада за Канал 5 на 15-ти мај – „Држава која нема коридори и енергија не може да се развива“. Па дали по шест години ви текна дека е ова така“, појасни Ангелевска.

Таа дури посочи дека Блок 3 од РЕК Битола се уште не работи, со својата неспособност власта го уништи РЕК Битола.

„Излегува министерот и вели секој денар кој што ќе биде потрошен за „Бехтел и Енка“ ќе биде јавно објавен. И сега на „360 степени“ вест објавена на 29.04.2023 година вели трансакциите кон „Бехтел и Енка“ ќе останат тајна“, прочита Ангелевска.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти