Ангажирани 80 работници на ЈП „Комунална хигиена“ за расчистување на снегот во Скопје

Од:

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на целиот ден и во вечерните часови работат на расчистување на паднатиот снег и мразот од булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, соопшти вечерва ЈП „Комунална хигиена“.

– Приближно 80 работници се ангажирани за расчистување на централното градско подрачје, Старата чаршија, плоштадот и улицата Македонија, како и реонот околу Градската болница, Државната болница и поликлиниката Бит Пазар. Воедно се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите, со цел да се овозможи проодно движење на граѓаните, соопштуваат од претпријатието и најавуваат дека ќе продолжат со активностите и во текот на ноќта.

Како што информираше Автомотосојузот на Македонија, снег врне низ цела држава, а сообраќајот се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на ЈП „Македонија пат“.

Во сила се забрани за движење на камиони на патните правци Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку преминот Стража, Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово-Попова Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

Истовремено Дирекцијата за заштита и спасување апелираше до градоначалниците и општинските служби навреме да преземат активности за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања