Анестезиолог од Инфективната клиника кој работи со заболените го откри лицето под маската: Додека работиме, забораваме на сè!

Од:

Црвени рани на носот и лицето од маските кои ги носат во текот на целиот ден – вака изгледаат лицата на здравствените работници кои работат на Инфективната клиника и се во постојан контакт со заболените од коронавирусот.

Од фотографиите во светски рамки често можеше да се види дека здравствените работници ги вадат маските по завршениот работен ден за јавноста да може да види низ што поминуваат, а со цел да се развие свеста дека во текот на коронавирусот треба да се седи дома, бидејќи други луѓе ги посветуваат своите животи и под ризик го ставаат своето здравје, за да се грижат за заболените.

Во земјава, ова се случува ретко, а здравствените работници кои во целост се посветија да го спречат ширењето на т.н. „невидлив непријател“ речиси и никој да не ги познава.

Ова вчера, во пресрет на Денот за здравјето, 7 април, го смени една жена – 30 годишната Виолета Огњанова, која е на специјализација на Универзитетска Клиника за aнестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а во моментов е распределена на Инфективната клиника. Таа на својот профил на Фејсбук постираше фотографија за тоа како изгледа нејзиното лице по работниот ден, со рани на носот по целодневното носење на маската N95.

„Без филтер, бидејќи оваа фотографија не заслужува филтер. Во првите борбени редови на Ковид-19 единицата“, напиша таа.

Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, опиша како изгледа тоа чувство да се носат маските во текот на целиот работен ден, вклучително и заштитните одела.

„Има луѓе кои тивко си ја работат својата работа. Многу се такви на Инфективната клиника. Па еве јас имам предизвик за вас – земете маска N95, и земете скафандер, макар и за скијање. Облечете се по дома и со тоа почнете да усисувате, бришете прашина, да готвите и да пружате алишта. И потоа објавете колку време сте издржале“, напиша Мојсова.

Чест ми е да бидам во првите борбени редови

Од минатата недела, анестезиологот Виолета Огњанова била распределена од КАРИЛ на Инфективната клиника, заедно со уште специјализант и еден специјалист. Тие работат со најтешките случаи – пациентите кои дишат со помош на респиратори.

„Тоа е всушност нашата експертиза. Навикнати сме да работиме со такви пациенти, но во случајов вирусот е нов, едноставно не знаете против што се борите, непредвидлив е. Уплашени сме, не велам не, но стискаме заби и работиме“, вели Огњанова за „А1он“.

Заштитни одела и маски носат во текот на целиот ден, додека се на работа.

„Факт е дека е топло во нив, се потиме, но сепак такви се протоколите на СЗО и мора да се почитуваат. Во текот на работењето забораваш што носиш, се внесуваш во работата едноставно. Исто така, важно е и како се соблекува заштитната облека по работниот ден, тоа треба да се стори многу внимателно, а тогаш реално си најизморен. Маските ни оставаат ранички по лицето, но сето тоа е дел од работата“, вели Огњанова.

Таа воопшто не се двоуемеше како да одговори на прашањето дали се чувствува загрозено и дали сега би избрала да биде дома, наместо на работа.

„Мене ова ми е предизвик. За ова сум учела. Се изолирав од домашните за да не ги доведам во опасност и за да можам да работам. Благодарност до докторите Горан Рафајловски и Азби Агуши, како и до целото раководство на КАРИЛ, кое ни ја даде оваа шанса да бидеме во првите борбени редови. Мене тоа ми претставува чест“, вели младата докторка.

Таа упатува апел до сите граѓани: „Знам дека на никој не му се допаѓа да биде постојано затворен дома. И мене ми е грозно чувството кога се враќам од работа за време на полицискиот час и гледам само празни улици. Но, верувајте, ова ќе помине, никој не знае точно кога, но потоа сите повеќе ќе му се радуваме на сонцето“.

Би можело да ве интересира

Разрешена директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, на нејзино место назначен Фадил Цана

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Обезбеден лекот за конго-кримска хеморагична треска, болничарката е во стабилна состојба

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска