Андонов: МВР продолжува да молчи и да не ги расчистува очигледните изборни нерегуларности

Од:

„МВР продолжува да молчи и да не ги расчистува очигледните изборни нерегуларности. СДС одговара во името на МВР. Очигледно е дека СДС ја претвори државата во партија, а партијата во држава штом наместо МВР, СДС одговара за прашања кои се исклучиво во надлежност на Министерството и се однесуваат на професионалното и законско постапување во насока на обезбедување на лична и јавна сигурност на граѓаните.

Министерот за внатрешни работи Спасовски, постапува исклучиво како потпретседател на СДС и преку партиски соопштенија се обидува да го сокрие изборниот криминал. Со ова потполно се потврдува фактот дека МВР целосно се злоупотребува и става во политичка функција за потребите на СДС и го помага изборниот криминал.

Спасовски досега не направи ништо за да се приведат криминалците и активисти на СДС кои со пиштоли се закануваа на брачниот пар од Демир Капија.

Спасовски не презема мерки за да се приведат криминалците од Шуто Оризари кои пред група луѓе на партиски собир на СДС пукаа од огнено оружје.

Спасовски како министер за внатрешни работи иако е должен, упорно не ја информира македонската јавност што има преземано МВР во врска со лицата кои со огнено оружје се фотографираа пред и во партиски штабови на СДС и сликите ги објавуваа на социјалните мрежи, а за кои медиумите пишуваа дека се партиски членови на СДС и нивни советници.

Македонската јавност има право да знае кој им го дал оружјето? Кој ги повикал во штаб со оружје? За какви цели се повикани со оружје во штабот на СДС?

Продолжува да се врши дрзок поткуп на гласачите со прехранбени продукти, а МВР не превзема ништо иако е присутно на терен.

Очигледно е дека СДС и не знае да владее поинаку, па токму затоа се служи со недемократски методи на владеење како прикривање на настани, нарачани истраги, полициски притисоци, поткупи, закани и уцени. Впрочем СДС се врати на познатите нивни методи на владеење од 1994 година кога имавме нерасчистени убиства, атентати, исчезнување на дрога од депо на МВР и секаков вид на криминал, како и изборни нерегуларности преку кои тогашното СДС ја окупираше државата и го уништуваше македонското општество.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува ОБСЕ и ОДИХР многу поактивно да вложат напори, да бидат вистински набљудувачи, да ги забележат и да ги осудат сите вакви појави на изборен криминал.

За сите вакви изборни криминали, документирани насилства, закани, притисоци, поткупи или уцени одговорност ќе има за сите извршители и нивните нарачатели“, изјави Оливер Андонов, ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата