Андов: Коалицијата на опозицијата, полека се распаѓа

Од:

Коалицијата на опозицијата, предводена од СДСМ, полека се распаѓа, смета поранешниот претседател на Собранието и почесен член на Либералната партија (ЛП), коалициски партнер на СДСМ, Стојан Андов, во најновиот број на неделникот „Фокус“.

Андов вели дека погрешната политика на Бранко Црвенковски сосема ја изгубила поддршката од меѓународната заедница, а нејзините претставници сѐ поотворено се оградуваат од аргументите за бојкот на парламентот и на изборите. Овие ставови во СДСМ ги релативизираат, нагласувајќи дека Андов е само пензионер, а претседателот на ЛП, Ивон Величковски, донел одлука да остане во опозициската коалиција.

Андов смета дека е потребно Црвенковски да се повлече и да остави друг да го организира конгресот на СДСМ во мај.

– Политичкиот простор на Црвенковски му се стеснуваше од час во час и тој само со полуинформации или сосем неточни информации го одржуваше единството на раководството на СДСМ за поддршка на бојкотот на изборите и за поднесување писмени оставки на пратениците од опозицијата. Таа политика ги одведе СДСМ и целата коалиција во целосен ќор-сокак. Факт е дека се многу нејасни и изјавите што Црвенковски ги дава овие денови. Од нив не се гледа дали тој воопшто знае како ќе се излезе од оваа криза – вели Андов.

Ваквите пораки од поддржувачот на опозицијата Стојан Андов, доаѓаат во незгодно време за СДСМ и за нејзиниот претседател Црвенковски, особено откако Стевчо Јакимовски реши да се кандидира на локалните избори наспроти одлуката на партискиот лидер.

Сепак, во СДСМ велат дека однесувањето на Величковски не е исто со она на почесниот претседател на партијата Андов и дека тој нема намера да ги следи чекорите на Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Грузија: Меѓу руската прегратка и евроатланските амбиции

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Животните мудрости на големите и силни жени

Емир Латифовиќ

Најмалку 11 загинати откако автобус удри во постојка во Анкара

Емир Латифовиќ

20-километарска колона возила во Унгарија, по зајакнатата контрола на австриската граница

Емир Латифовиќ