(ВИДЕО) Андов: Груевски, македонскиот Гадафи ја држи целата власт

Од:

Почесниот претседател на Либерланата партија, Стојан Андов, на протестот во Скопје рече дека дошол затоа што е убеден дека ова е собир на чесни и достоинствеи луѓе.

„Во понеделникот во собранискта сала која е дом на слободата, беше укината демократијата, се згаси уставот, од диктатор се исфрлија новинарите, се истепаа пратениците.

– Црната пропаганда е во офанзива. Некои медиуми го премолчаа бркањето на новинарите, тепањето на пратениците. Велат, Бранко Црвенковски е македонскиот Гадафи. Јас сум единствениот кој го познава Гадафи и кој се сретнал неколкупати со него“, рече Андов.

„Црвенковски и не ги исполнува условите да биде македонскиот Гадафи. На Гадафи не му паднало на памет да ја предводи опозицијата.

– На патот да стане Гадафи, Бранко ја направи грешката кога стана шеф на опозицијата. Гадафи никогаш не бил во опозиција, Гадафи е оној кој успеал да ја држи целата власт“, рече  поранешниот претседател на македонското Собрание, Стојан Андов.

Андов ги замоли сите на собирот да нема ниту еден акт на насилство. Интересите на сите граѓани се на оваа страна, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите