Андов: Ако никој не одговора за 24 декември, повторно ќе се исфрлаат пратеници и новинари кога ќе посака власта

Од:

„Ако никој не понесе политичка одговорност за настаните од 24 декември 2012 година, на меѓународната јавност ќе и’ остане впечаток дека кај нас за исфрлување на пратениците од пленарната сала од страна на полицијата не се одговара, исто така нема одговорност и за исфрлувањето на новинарите од галеријата на салата“, вели во интервју за Утрински весник, Стојан Андов.

– Тоа не е само општа слика туку е впечаток кој укажува дека ние како земја немаме парламентарна демократија. Ако никој не одговара за такви постапки, ако не е тоа казниво политичко, па дури и кривично дело, тогаш ќе се повторува и пратениците ќе можат да седат и да работат во салата, а новинарите во галеријата се’ додека некој во власта надвор од парламентот не одлучи да ги избрка. Тоа што се случувало пред парламентот, пред да почне седницата и за време на нејзиниот тек не повлекува политичка одговорност, туку органите на власта се должни по пат на законски пропишана постапка да ги најдат виновниците и да дадат квалификација на нивните дела, но тоа воопшто не може да се споредува и да се поврзува со бркањето на пратениците и на новинарите од салата и од галеријата каде што се држат седниците – вели Андов.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски