Андоновски: Заев и Десковска на дело ја покажуваат својата негрижа и неспособност кон образованието

Од:

„Се наоѓаме пред основното училиште „Ѓоргија Пулевски“ во општина Аеродром. Во оваа училиште поради неодговорните политики на СДС во образованието недостасуваат 1.401 учебници.

Учениците низ основните училишта во државата се жртви на неспособноста на владата на СДС, и на неодговорните политики во образованието на Зоран Заев и Рената Десковска.

Скандал од невидени размери е 43 дена по почетокот на учебната година, во основните училишта се уште недостасуваат учебници за учениците, а во надлежните институции владее молк.

Молк во министерството за образование, молк во владата. СДС молчи и не кажува ништо за овој огромен скандал.

Недостасуваат повеќе од 34 илјади учебници низ основните училишта во државата.

Зошто Заев и Десковска бегаат од одговор и одговорност? Зошто нема бесплатни учебници? Каде се парите за учебниците?

Граѓаните чекаат одговори зошто недостасуваат над 34 илјади учебници, цели 43 дена по стартот на учебната година.

За овој пропуст мора некој да одговара!

Со ова СДС, Зоран Заев и Рената Десковска на дело ја покажуваат својата негрижа и неспособност, со ваквото неодговорно однесување кон образованието. Заев и Десковска сигурно го уништуваат образованиот процес во Македонија.

Поради тоа што во основните училиштата нема учебници кои се основно средство за извршување на наставата, а на тој начин наставниците не се во можност да го реализираат месечниот наставен план, постои голем ризик дека во зимниот распуст учениците ќе бидат принудени да останат во училишните клупи.

Недозволиво и неоправдано е ваквото неодговорно однесување на владата на СДС.

Граѓаните ќе го казнат СДС за сета неодговорност и неспособност на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Стефан Андоновски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ