Андоновска: Наместо за нова опрема, парите на граѓаните се трошат на двојни плати

Од:

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека функционери на СДСМ платени од државата во министерството за здравство се поставиле и за советници на министерот со што си овозможиле од две места да земаат пари, а СДСМ се уште молчи за тоа.

– Наместо за нова опрема, вложувања во здравството парите на граѓаните се трошат на двојни плати, функционерски и советнички за луѓето од СДС. Па така Државниот секретар во министерството за здравство под капата на СДС, Владимир Милошев кој е и претседател на општинската организација на СДС во Штип, во исто време зема плата и како државен секретар и хонорар како советник на министерот. Владимир Милошев, не е единствениот од врхушката на власта кој земал плата од повеќе места. Платата или хонорарот во разни комисии и управни одбори не им бил пречка и на другите советници на министерот да се ангажираат како советници за плус хонорар, рече Андоновска.

Таа запраша уште колку други функционери од власта на СДСМ земаат плати од две или три места.

– Зошто парите наместо за лекови за болните за леукемија, кој редовно ги нема, одат за двојни плати за функционерите на СДС? Наместо повлекување од двојните плати, функционерите од власта молчат и се надеваат дека овој скандал ќе се заборави. Доколку Владимир Милошев и останатите имаат грам морал, ќе ги вратат парите кои ги земале како хонорари и од морални причини ќе си поднесат оставка од позициите кои ги држат. Граѓаните немаат потреба од политичари кои мислат како да ги наполнат своите приватни сметки. Граѓаните имаат потреба од политичари кои ќе мислат како да го подобрат животот на граѓаните, рече Андоновска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он