Андоновска: Кај двајца мажи од Скопје се потврдени со мајмунски сипаници

Од:

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници.

Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите штo ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.

Таа нагласи дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а според нејзините информации се уште не е хоспитализиран. Потенцира дека не се поврзани случаи.

И директорката упати апел граѓаните да не паничат и потенцира дека не се работи за ново заболување и за тоа веќе има протоколи.

Би можело да ве интересира

Самоизолација и здравствен надзор за две лица кои се заболени од мајмунски сипаници

Во Македонија откриени се двајца пациенти болни од Мајмунски сипаници

Горан Наумовски

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

ИЈЗ: Се зголемува бројот на заболени од грип

Препораки од ИЈЗ за граѓаните во контекст на најавениот прекин на вода

ИЈЗ: Сите реагенси од исклучените фрижидери се функционални