Андоновска: Богатото разгалено синче Стефан Богоев и СДС се симбол за лажни ветувања и манипулации

Од:

„Богатото разгалено синче Стефан Богоев и СДС се симбол за лажни ветувања и манипулации.Пред парламентарните избори им ветуваа брда и долини на младите, а сега може да се види дека ништо од тоа не е реализирано.

Прво, Богоев и СДС ги лажеа младите дека ќе добијат вработување, практиканство или дообука по завршувањето на образованието, а сега може да видиме дека младите не добија ништо од тоа.

Второ, лажеа дека младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис ќе добијат по 10 илјади евра неповратни средства, бесплатна просторија како и правна и сметководствена поддршка. Поминаа 4 месеци, а младите не видоа ниту евро од ветените пари ниту просторија ниту пак видоа помош.

Трето, Богоев на студентите им ветуваше темелна реконструкција на студентските домови и нова зграда во рамки на Стив Наумов. Не само што нема нова зграда туку владата на СДС скрати 155 милиони денари за изградба на студентски домови.

Четврто, младите беа излажани и дека ќе добијат картичка за субвенциониран меѓуградски превоз за сите млади до 29 години кои доаѓаат од другите градови. И од ова ветување нема ништо. Започна учебната година, а ниту студентите ниту невработените имаат попуст за меѓуградски превоз.

Петто, ги излажаа студентите дека по принципот парт тиме јоб ќе добијат понуда за работа со скратено работно време со цел да заработуваат пари додека студираат. Ни од тоа нема ништо, понуда за студентите за работа со скратено работно време нема.

Лажеше тогаш, лаже и сега. Се што кажа богатото разгалено синче Богоев излажа, се што вети беа само лаги празни ветувања.

Како што не направија ништо добро за младите, така нема да направат ништо добро ни за граѓаните на општина Карпош.

Младите, но и сите граѓани на Карпош ги препознаваат лагите на Стефан Богоев и СДС. Тие нема да дозволат да бидат излажани. На 15-ти октомври Стефан Богоев и СДС ќе бидат казнети за сите нивни лаги и манипулации“, изјави Теодора Андоновска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања