Андонов: Спасовски унапредува лица за три, четири па се до 12 скалила, акт без преседан

Од:

Со бесправно и еднострано потпишување на решенијата за распоредување на раководни позиции на 11 лица вработени во МВР, Оливер Спасовски на најдобар начин покажа дека за него не постои Устав и Закон, туку само негов личен интерес и интерес на неговата партија, што е во директна спротивност со Законот за преодна влада за спроведување избори на пратеници.

Ова денеска на прес-конференција го истакна дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов.

– Заобиколувајќи ги на криминален начин правилата, процедурите и критериумите за распоредување, Спасовски си дозволи да унапредува лица за три, четири па се до 12 скалила во хиерархиската поставеност, што е акт без преседан и кој нема никакви допирни точки со Законот за внатрешни работи, рече Андонов.

Според него, меѓу унапредените лица на раководна позиција има и такви против кои се водат дисциплински постапки за грубо кршење на законите.

Андонов обвини дека намерата на Спасовски е со Министерството да раководи незаконски, непрофесионално и самоволно вршејќи притисоци и закани кон сите оние кои не мислат како него и додаде дека сите оние коишто денеска добиле незаконски решенија дека прифаќањето на тие исти решенија претставува грубо кршење на Законот и повлекува правни консеквенции.

– За новонастанатата ситуација, покрај тужбите што веќе ги најавив, во текот на денот ќе биде информирана Владата на Република Македонија и претставниците на дипломатскиот кор во земјава, пред се мислам на амбасадорите на земјите учеснички во донесувањето и гаранти на Договорот од Пржино, истакна Андонов.

Тој апелираше до техничкиот министер Спасовски да ја повлече одлуката и да прифати средба на која, како што рече, заеднички согласно Законот за внатрешни работи ќе ги регулираат сите отворени прашања.

На новинарско прашање за тоа дали помеѓу началниците кои работеле на случаите „поткуп“ и т.н. фабрика за афери Андонов рече дека сменети се началници кои во своите единици работеле на тие случаи и дека на нивно место се назначени луѓе кои, како што рече, одат по повеќе од две до три скалила во хиерархијата без почитување на законот, со јавен оглас и транспарентна постапка за нивно поставување на местата предвидени за смена.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ