Анализа: Слободата на изразување и на здружување во медиумите во 2016

Од:

Во прилозите на провладините медиуми кои се однесуваат на Шарената револуција и на ГДОМ преовладува таканареченото манихејство односно пропагандистичката техника на контрасти: „црно – бело“, „добро – лошо“. „Црното“, „лошото“, „злото“ се опонентите на власта, во случајов олицетворени во Шарена револуција, Сорос, СДСМ, опозицијата, граѓанските активисти и самите граѓани кои учествуваат на протестите,…

НВО Инфоцентарот во рамките на програмата „Застапување за слобода на изразување“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, постојано ја следи состојбата со слободата на изразување и слободата на здружување во Република Македонија.

НВО Инфоцентарот ги набљудува граѓанските активности, ја следи работата на надлежните институции, а спроведува и мониторинг на информирањето на медиумите за темите поврзани со слободата на изразување и слободата на здружување.

Првата половина на 2016 година ја обележаа бројни настани поврзани со слободата на изразување, слободата на здружување и слободата на мирно изразување јавен протест на граѓаните на Република Македонија.

Во периодот од 15 јануари до 30 јуни, во 12-те мониторирани медиуми, објавени се вкупно 1.438 новинарски прилози посветени на граѓанскиот активизам или околу 240 прилози месечно односно во просек 8 прилози дневно.

13844153_10154443478161995_1617832689_o

Квалитативната анализа на медиумското известување во првото полугодие на 2016 година покажува дека медиумите кои имаат критички однос спрема власта и натаму редовно ги следат сите активности на Шарената револуција, на граѓанските организации и на граѓаните во целина.

Тие постојано известуваат за настаните и процесите поврзани со протестите и другите граѓански инцијативи. Редовно информираат за сите форми на попречување или непочитување на слободата на изразување, здружување, информирање и јавно изрзување мирен протест. Во овој период преовладуваа прилози за протестите, барањата и другите случувања поврзани со Шарената револуција. Имаше информации и за протестите на ГДОМ, но тие беа во помал обем. Во известувањето на овие медиуми доминираат вести, извештаи, изјави, интервјуа, а поретко се објавуваат коментари и анализи.

Наспроти критичките, провладините медиуми имаат сосема поинаква диоптрија за граѓанските протести, граѓанските организации и иницијативи. Нивните прилози се напаѓачки, демонизирачки, еднострани и во нив доминираат етикетирања, дисквалификации, лаги, манипулации и други пропагандистички алатки и техники. Во својата хајка, овие медиуми, одат дотаму што во прилозите кои главно немаат автор, објавуваат и манипулираат дури и со лични податоци и информации за активистите и граѓанските претставници (на пример, објави за годишните бруто лични примања на активистите и нивно директно поврзување со учеството на протестите, објавување на личните адреси на кои живеат активистите и др.).

Исклучок од ваквото информирање е забележан во однос на протестите на ГДОМ, кои за овие медиуми се единствените граѓански собири односно „собири на народот“. Информирањето за нив е ослободено од какви било етикетирања и критики, а тонот е главно афирмативен, поддржувачки и фаворизирачки.

Во прилозите на провладините медиуми кои се однесуваат на Шарената револуција и на ГДОМ преовладува таканареченото манихејство односно пропагандистичката техника на контрасти: „црно – бело“, „добро – лошо“. „Црното“, „лошото“, „злото“ се опонентите на власта, во случајов олицетворени во Шарена револуција, Сорос, СДСМ, опозицијата, граѓанските активисти и самите граѓани кои учествуваат на протестите, На спротивната страна, „белото“ односно „доброто“ го претставуваат ГДОМ, неговите приврзаници, власта и владејачките партии.

Уште од самиот почеток на Шарената револуција, провладините медиуми го продолжија и го засилија равенството меѓу протестите, граѓанските организации, Сорос, СДСМ, другите партии во опозиција и критичките медиуми. Во речиси секој прилог, ова конструирано равенство се напаѓа и се демонизира. Исто така, се нагласува дека протестите не се граѓански, туку дека се организирани и контролирани од Сорос и од СДСМ. Едновремено, граѓанските организации и активисти добија епитет на „невладини на Сорос и СДСМ“, а самите протести и нивните учесници добија етикети на „хулигани“, „насилници“, „вандали“, „деструктивци“, „примитивци“, „плукачи“, „криминалци

Интересно е да се напомне дека за разлика од претходните години кога јавниот радиодифузен сервис беше исклучиво на линија на провладините медиуми и претставуваше пропагандистичка алатка во рацете на владејачките партии, во првата половина на 2016, во вестите на првиот телевизиски канал на Македонската радиотелевизија (МРТ) можат да се регистрираат информативни и неутрални прилози за граѓанските активности, во прв ред, за протестите (и на Шарената револуција и на ГДОМ). Сепак, прилозите за Шарената револуција се главно општи, формални и исклучително кратки. Во просек траат само триесетина секунди. Ваквиот начин на информирање на МРТ отстапува од нејзината пракса на пропагандистичко и провладино известување. Но тоа сѐ уште не ги задоволува критериумите за професионално, балансирано и сеопфатно информирање на граѓаните и ни оддалеку не ја исполнува законската обврска, МРТ постојано да го штити и застапува јавниот интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Маск започнa пресметка со невладините организации, прв на листата НЕД

А1он

Околу 12 милиони долари би се изгубиле во земјава по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он