На веб страната на угледниот Канадски совет за меѓународни односи, професорот Стив Сајдман упати критика за именувањето на Македонија според времената референца за време на отворањето на Олимписките игри и за спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Сајдман, кој е познат по голем број трудови во кој се осврнува на етничката политика, надворешната политика и интернационалните конфликти во своето излагање под наслов „Она што е во името на една земја?“ пишува:
„Олимписките игри се корисен потсетник на моќта на национализмот. Секои четири години, ние се пронаоѓаме себеси како навиваме за луѓето а не знаеме што тие носат во боите во кои се идентификуваат. Следејќи ги твитер коментарите за време на церемонијата на отворањето, во разговорот излезе и разговор за Поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ). Претставниците на Македонија маршираа заедно со Фиџи и Франција наместо со Манитоба. Со сета сериозност, сепак, Грција опсесивно пристапува во влезот на Македонија во меѓународни организации под нејзиното уставно име, затоа што Македонија е, исто така, името на еден регион во Грција. Значи Македонија ќе ја гледаме под името ФИРОМ додека овој спор не се реши – па дури и на Олимпијадата, која е наводно место каде што националистичката злоба се става настрана.
Еве го мојот твит кој налути многу Грци.
По ѓаволите, зошто Грците не се откажат од своето име.
Грците велат дека името Македонија претставува иредентистичка закана за Грција – и дека доколку ја признаат Македонија, овие ќе се обидат да ги присвојат северните делови на Грција. И кој сум јас да се прашувам за тоа?
Освен што имам напишано неколку книги за иредентизам.
Во секој случај, да, има луѓе во Македонија кои имаат иредентистички амбиции, но тие луѓе не се моќна сила. Уште поважно, Грција е многу помоќна земја – и воено, и економски, и политички – така што навистина нема реална закана од Македонија за преземање на овие делови од Грција за создавање на Голема Македонија.
Не, всушност, Македонија е таа која беше под закана од иредентизам – краткиот судир кои НАТО го заврши во 2001 година, беше дел од стратегијата за Голема Албанија. Всушност, настрана од Турција, најголемата иредентистичка закана во соседството е … токму самата Грција. Вклучување на Грција во Кипар често беше малку сомнително, а Грција всушност има играно политички игри и со Албанската православна црква за да придобие луѓе кои таму би ги подржувале за да превземе делови од Албанија под Грција.
Да биде јасно, јас не велам дека јас сум во љубов со Владата на Македонија, која често многу греши. Она што јас го велам е дека Македонија не претставува вистинска закана за безбедноста во Грција. Наместо тоа, овој спор дава можност за политичарите да заземат националистички ставови: бидејќи политичарот кој ќе овозможи Македонија да влезе во меѓународна организација под името Македонија ќе биде обвинет за предавство.“
Раскажувајќи дека спорот не е само игра на патриотизам, Сајдам раскажува како држејќи ја Македонија надвор од сите меѓународни организации и штети и на нејзината економија, но ја оштетува и политички. Наместо да се фокусираат на суштинските прашања на денот, македонските политичари се фокусираат на играта со името.
Сајдеман понатаму пишува: „Навистина, како што јас спомнав пред тоа, овие националистички игри се практично одвлекување на вниманието од доброто владеење. “ Каков е учинокот на грчката Влада за време на контроверзата со ПЈРМ и со „заканата“ од македонскиот иредентизам? Не е многу добар, заклучува професорот Сајдеман.
Се разбира, иронијата тука е дека Грција ни ги “даде“ Олимписките игри. А со игрите ни ја обезбеди и основната динамика која го прмовира национализмот. Броењето на освоените медали стана мерка за тоа како ние се чувствуваме за нашите земји. И додека ние само им обрнуваме внимание на девијантните настапи на спортистите од земјите кои не ни се многу драги ( медиумите се преплавени со приказните на кинески пливачи), на Грција и даваме уште една шанса да ја условува Македонија во натпреварувњето.
Можеби луѓето од кои што треба да учиме доаѓаат токму од помалобројна нација. Четирите спортисти кои всушност не ја преставуваа својата земја на Олимписките игри оваа година, направија огромен позитивен впечаток на церемонијата на отворањето. Ослободени од политиката на национализам, тие само можат да биде среќни и ентузијасти, а притоа да не прават некој друг да се чувствува лошо – финишира канадскиот професор.