Анализа на ЦИКП за привлекувањето гласови од други етнички заедници

Од:

„Македонски Обама или платформа од Тирана: како да освоите гласови од ’другите’ и што понатаму?“ е насловот на анализата на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) која ги презентира искуствата на политичките партиите во Република Македонија за тоа дали, зошто и како (не)успеале да ги привлечат и задржат гласовите на гласачи од различна етничка припадност.

Според ЦИКП, анализата дава и препораки за тоа како да се ублажи националистичката реторика која се појави по последните парламентарни избори.

– Придобивањето гласови од „другата“ заедница, т.е. „македонски и албански гласачи“ од страна на „албански или македонски“ кандидати и партии не е невозможна мисија. Со примамлива порака и кампања, Имер Селмани во 2009 и СДСМ во 2016 година успеаја да добијат значителен број гласови од „другите“. Селмани не успеа да го повтори изборниот успех во подоцнежните циклуси, а прашање е дали и СДСМ ќе може да ги задржи гласовите кои им беа доверени од речиси 40.000 македонски Албанци. Она што е битно е дека по успехот на Имер Селмани и СДСМ, РМ не се фокусираше на градење мултикултурни политики, партиски програми и кампањи, наведува ЦИКП.

Во анализата се заклучува дека на македонското општество му е потребна реформа на политичкиот и изборниот систем во насока на зајакнување на интегративноста и меѓуетничката кохабитација.

– Една од препораките е промена во начинот на избор на Претседател на државата со што би прецизирало дека за да биде избран одреден кандидат/ка за Претседател, тој/таа треба да има одреден процент гласови од сите изборни единици, вклучувајќи ги и тие каде македонските Албанци се мнозинство или се во значител број, со што би се постигнал ефект на модерација на изборната агенда на кандидатот/ката Македонец/ка, без да има формална одредба која би повлекла уставни промени и воведување на институцијата „потпретседател“, наведува ЦИКП.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Репортажа – Грција: Цени и услуги, дождот го „потопи“ почетокот на летната сезона!

Ана Ололовска

Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Ана Ололовска

Анализа: Јавните претпријатија меѓу најголемите „работодавачи“

Ана Ололовска