Цели 12 години по последниот Попис на населението и домаќинствата – операција која според експертите значајно може да влијае врз вкупниот изборен процес.
Има ли разлики во бројките меѓу граѓаните со право на глас, регистрирани со Пописот во 2002 та година и оние во сегашниот Избираки список ? Каде се лицата со статус на “трајно“ иселени? Дали инстутуциите прават разлика меѓу нив и оние што се “привремено“ иселени?
Многу прашања, чии одговори, според експертите значјано влијаат врз објективната слика за гласачкото тело на во земјава. Пописот на население – клучен за точноста на гласачкото тело! Македонија спроведува изборен процес со почистен Избирачки список, но сепак без прецизни и јасни податоци за тоа колку граѓани, државјани на земјава живеат дома и во странство. Ова го вели демографот и еден од поранешните директори на Заводот за статистика Дончо Герсимовски.
Според него, проблематични се две работи, прво надлежните институции немаат точен податок за тоа колку граѓани и по кој основ работат или живеат надвор од земјава и колку брои населението што живее во земјава.
Неспроведувањето на пописот значајно може да влијае врз избрниот процес- вели демографот Герасимовски.
„Секако дека пописот е значаен за изборните процеси. Според европските директиви и препораки тој треба да се спроведува на секои десет години. На пример, соседна Бугарија спроведува попис на население на секои пет години. Без оваа статистичка операција, која обезбедува прецизни податоци за бројот на населението, а со тоа и за бројот на лицата со право на глас, не може да се планираат сериозни активности во една земја. Без попис не би се знела реалната состојба за сите тие бројки а тоа секако влијае и врз објективноста на избирачкиот список“ – објаснува Герасимовски за „Поратлб“.
Според последниот спроведен попис на населението, домаќинствата и становите, во 2002 та година, во Македонија живеат 2 022 547 жители. Според Публикацијата на Заводот за статистика насловена како “ Процени на населението според полот и возраста 2012 та година“ во земјава во однос на вкупното население регистрирано со пописот, возрасни или над 18 години се 1 586 064 лица кои имаат право на глас, останатите се од 0 до 17 години.
Од друга страна, според Избирачкиот список, на овие двојни , претседателски и предвремени парламентарни избори, право на глас имаат 1 779.572 граѓани. Според податоците на ДИК на привремена работа во странство се 70 305, кои се регистрирани во избирачкиот список. Како се објаснува разликата меѓу оние што имаат право на глас ( според пописот) и оние што се регистрирани во Избирачкиот список од близу 200 000 лица?
„Сето ова укажува дека се соочуваме со недоречености и нејасни бројки. Да не заборавиме дека од последниот спроведен попис имаме и тренд на трајно исселување од земјава, кој влијае врз намалување на бројот на вкупното население а тој се движи од 150 000 до 300 000 лица“, вели Герасимовски и додава: Лицата кои живеат повеќе од 12 месеци во некоја странска земја не влегуваат во пописот. Ние немаме точна бројка за тоа колку луѓе и нивните семејства имаат ваков статус. Според МВР тие не се исселени туку се привремено заминати во странство, а треба да се прави разлика помеѓу овие две категории. Кога велиме дека некој живее повеќе од една година во странство тоа лице е со статус на трајно иселен, додека до една година лицето има статус на “привремено заминат“, што секако упатува на сериозни методолошки разлики.
Точниот увид во оваа бројка е значаен и за конципирање на Избирачкиот список, односно има ислно влијание врз неговата прецизност и објективност“ – вели Герасимовски.
Според анализата на Светска Банка, во последните десет година од Макеоднија заминале 450 000 граѓани, но надлежните институции немаат прецизна бројка колку луѓе се трајно иселени, податок кој дополнително влијае врз објективноста на целиот изборен процес – коментираат експертите.
Дванаест години по спроведување на последниот попис, овие податоци се значјно променети, вели Герасимовски.
„Останува нејасно колку е точна бројката на избрачи на прочистениот Избирачки список, Имаше одреден напредок во делот на бришење на умрените лица, но проблем остануваат оние што се надовор од земјата. Ние нив не ги евидентираме, не постои добра и строга контрола над нив. Пописот ќе влијаеш врз објективноста за македонскиот и албанксиот електорат, секако и за другите националности кои живеат во земјава. Целосниот увид на оние што се привремено и трано исселени може да ја промени сегашната состојба“ – вели Герасимовски.
Дел од невладините организации алармираа на одредени неправилности поврзани со фантомски гласачи. Од невладината „Цивил“ тврдат дека покрај починати, на гласање излегле и фантомските гласачи и гласачи кои живеат во непостоечки станови.
„Беа идентификувани и семејства кои не живеат на адресите внесени во списокот, како и непостоечки членови во одредени семејства. Институциите слабо реагираа на забелешките“ – оцени првиот човек на „Цивил”, Џабир Дерала.
Државната изборна комисија се огалси со кусо образложение дека се превземаат активности за разгладување на пријавените нерегуларности. Министерството за внатрешни работи пак се прогласи за ненадлежно да ја провери точноста на она за што обвинуваат од „Цивил“.
„Адресите се запишувани во времето на СДСМ, треба да се обратите до нив бидејќи во тоа време се издадени личните карти со тие адреси. Ние извршивме проверка за постоењето трет влез и видовме дека на некои лица им се издадени лични карти на таа адреса уште во 1977 година. МВР нема надлежност да ја проверува точноста на податоците од старите лични карти. Лицето си доаѓа кај нас со старата лична карта и ние му ја издаваме новата, но не ја проверуваме улицата на старата. Тоа се прави само доколку лицето пријавува промена на живеалиште“ – рече спортпаролот на МВР Котевски.
Сите овие недоследности оставаат простор за сомнеж и манипулација – оценуваат експертите.
„Ние имаме ситуацја кога жители од една општина гласаат во друга. Таков е и случајот „Пустец“. Формално тие луѓе имаат лични карти, односно документи за идентификација а со тоа и право на глас, но тоа не ја дава објективната слика за гласачкото тело во една општина. Сите овие појави мора да имаат разрешница, мора да се расистат, а Државната изборна комисија не треба само да го прифаќа Избирачкиот список обработен од МВР и другите институции, туку треба и да активно да се вклучи во обработката“ – оценува Герасимовски.
Решението го гледа во итно спроведување на пописот на населението и целосна евиденција на лицата што се во странство, без разлика дали се со статус на приремено или трајно отселени.
Анализа на Порталб