Нови казни за негеристрираните мајстори, електричари, двојно повисоки казни во сообраќај, казни за непоседување на резервна фисклана каса, казни за наставниците по основ ан екстерно тестирање, казни з адокоторите ако одбијат обука во странство а најавени се и казни ако доцнат на преглед. Новите законски измени за заострување на казнените политики преку значајно зголемување на казните, но и воведување на нови, предизвикаа сериозни реакции во јавноста.
За што и по кој основ ќе се казнува?
„Ова со казните стана пародија. Сите тераат мајтапи на социјалните мрежи. Јас вчера имав случај кадешто за прекршок кој е на граница од прекршок и износот на прекршокот е 200 евра, фирмата треба да плати 5000 евра плус управителот 1000 евра????!!!!! Која е оваа математика и систем на управување. Еден пријател викаше: колку и да казнуваат, душа не може да ти извадат. Нивната душа ќе нестане еден ден … со избори. Ако не се опраат …. ? “ – напиша на социјалните мрежи бизнисменот Венко Глигоров.
Стопанственикот Глигоров, кој е еден од ретките што јавно проговори за состојбата со која се соочил, за “Поратлб“ ја раскажува случката.
„Да, точно е дека заработив казна од 200 евра за прекршок кој мојата фирма го направи како технички пропуст, без намера. Имено, во фирмата организиравме игра на среќа во вредност од илјада евра. Ги плативме сите давачки односно даноци, но без да знам, фирмата требала да достави документ во форма на известување до Министерството за финансии. Значи ние сме ги платиле сите давачки, но не сме доставиле документ. И затоа зарботивме казна од пет до шест илајди евра. Во ова дело нема ниту проневера, а немавме ниту опомена. Казните дефинитивно се непропорционални во однос на тежината на прекршокот“ – објаснува Глигоров.
Еден од законите со кои се предвидуваат нови парични казни е Законот за занаетчиска дејност. Решението, што сеуште е во фаза на изрботка, предидува високи казни за граѓаните што работат главно преку огласи, нудејќи ги своите услуги како занаетчии, електричари, молери.
Еве, дел од казните што се предвидуваат во драфт-верзијата на Законот за занаетчиска дејност:
„Глоба во износ од 1.500 до 2.500 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на вршителот на занаетчиската дејност, ако: врши занаетчиска дејност без занаетчиска дозвола, просториите не ги исполнуваат условите определени со овој закон, врши занаетчиска дејност што не е означена во занаетчиската дозвола и друго“ – стои во драфт-верзијата на законот.
Заострената казнена политика според опозициската СДСМ е само начин како да се обезбедат што повеќе пари во Буџетот. Според партијата,власта до година планира за 40 милиони евра повеќе приходи од казни и глоби.
„Се е спакувано во целофан. Наводно за граѓаните, навидум за лекарите, за учениците, за наставниците. Навидум. Ете зошто најранливата категорија граѓани, мајстори, занаетчии, кои работат за по 150 денари, ќе добијат казна од 1500 евра ако еднаш бидат фатени без лиценца, а ако бидат втор пат фатени, ќе бидат казнети со 6 – 9 илјади евра. Ете зошто вие како нарачател, ако викнете мајстор без лиценца, ќе бидете казнети со илјада евра. Ете зошто се менува и Законот за сообраќај, а казните се качуваат двојно повеќе од досега – до 500 евра. Ете зошто им е потребно екстерното тестирање. 2.000 казнети наставници цела година ќе земаат по 15 отсто помали плати.“ – оценија од СДСМ
Од владечката партија негираат дека до година се проектирани повеќе приходи по основ на казни и глоби.
„Уште една груба манипулација на СДСМ е бројката која ја кажува за приходи од казни и глоби. Имено, тие калкулираат со бројка во која се вклучени и административните и судските такси и е значително поголема од реалните приходи од казни. Казните учествуваат со само 0,3 отсто во приходите или 8 милиони евра. Повторуваме, нема зголемување на приходите од казните“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
И Законот за безбедност во сообраќајот предвидува, освен зголемување на постоечките казни, воведување и на нови. Со овој закон ќе бидат засегнати и возачите, совозачите, велосипедистите и пешаците.
Казните за најтешките прекршоци се зголемија на 500 евра. Кај дел од казните дури има и двојно поскапување.
Казна од 7 000 евра за докторите што ќе одбијат да одат на обука во странство уште 25 000 евра казна доколку по обуката не останат во јавното здравство во земјава.
Еден од законите што веќе е на сила а предвидува високи казни за бизниот е Законот за финансиска дисциплина, чии решенија можат да водат и кон блокада на фирмите доколку не се почитуваат законските рокови за меѓусебни плаќања.
Приватниот сектор сеуште ја преживува кризата и секое зголемување на казните во вакви услови може да биде контрапродуктивно, оцени неодамна професорката Марија Зарезанкова – Потевска.
„Власта сака да воведе фискална дисциплина и тоа е во ред. Но во неразвиено стопанство кое сеуште се соочува со последиците од кризата, не може фирмите да се дисциплинираат со зголемени давачки. Сметам дека во вакви услови мора да има поголема флексибилност“ – рече професорката.
Сличен став има и бизнисменот Глигоров.
„И на крајот се поставува прашањето дали со високите казни се спроведува политика за полнење на буџетот. Логично е дека секој денар е добредојден, но јас би кажал дека колку се поголеми казните толку се зголемува и можноста за корупција. Точно е дека високите парични казни можат да влијаат врз зголемување на дисциплината, но тука пресудно е и дали тие ќе се изрекуваат селективно. Според мене, дел од законските решенија воопшто оставаат можност за паушални оценки и процеки, што пак им создава тешкотија и на самите инспектори кога ги изрекуваат“ – вели Глигоров.
До година, преку ствката за неданочни приходи, во која се вклучени и приходите од казни, Владата планира во Буџетот да обезбеди 300 милиони евра.
Анализа на Порталб