АНАЛИЗА: Јавноста мора да има увид во имотната состојба на функционерите!

Од:

По постапување, односно иницијатива на Комисијата за спречување на корупцијата, лани е решен само еден корупциски предмет во политиката. Најновиот извештај на државната комисија покажува дека  во 2015 година разрешени се вкупно 137 предмети.

Лани на адреса на комисијата стасале 552 анкетни листови по избор и именување на функција а во истиот период добиени биле 404 пријави за промена на имотната состојба.

Законот обврзува доставување на анкетен лист, но која е суштината ако тој не биде достапен на јавноста по заминување на функционерите од позиција, прашуваат експертите откако Државната комисија за спречување на корупција го даде на увид и го повлече анкетниот лист на поранешниот премиер Никола Груевски, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк

Антикрупциска – синоним за (не) транспарентност?

Роковите течат, новоизбраните министри од ДУИ имаат 30 дена за да ги достава анкетните листови за имотната состојба. Засега, достапни се само анкетните листови на Башким Амети, министер за животна средина, кој поднел анкетен лист од позиција на директор на Агенцијата за управување со одземен имот и анкетен лист на Арлинд Зеќири, министер без ресор задолжен за странски инвестиции, кој веќе има пријавено анкетен лист од позиција на член на совет на општина Теарце. Во очекување на анкетните листови на новите избрани и именувани функционери, за јавноста остануваат “недостапни“ анкетните листови на поранешните функционери од Вмро-Дпмне, кои се доставен до ДКСК, објавени и повлечени од увид.

„Ние сега сме во ситуација да вртиме рака со институција која треба да биде синоним за транспарентност. Да го затвориме ова прашање веќе еднаш. Ова значи дека податоците од анкетните листови, по закон , се јавни и тоа е суштината, односно не смее да се наруши принципот дека тој анкетен лист е јавен. Ние имаме состојба кога упорно се урива суштината на институцијата, целта на нејзиното постење“, вели за Порталб.мк еден од поранешните претседатели на државната комисија Драган Малиновски.

Додека експертите по антикорупција повикуваат на транспарентност на иституцијата која треба, како што велат да биде пример за транспарентност, првиот човек на комисијата, која последната пресс конференција ја оддржа пред една година, ги праша новинарите зошто ги интересира имотната состојба на сега веќе поранешниот премиер Никола Груевски.

Токму одлуката, односно толкувањето на ДКСК дека законски нема обврска да ги стави на увид анкетните листови на порашени функционери, предизвика и партиски реакции.

„Претседателот на Антикорупциската комисија со самото прашање до новинарите, за тоа “зошто ги интересира имотната состојба на Груевски?“, стана соучесник во партизирањето и на оваа институција, директно кршејќи го член 33 од  Законот за спречување на корупцијата, каде јасно стои дека носителите на јавна функција имаат обврска во рок од 30 дена од стапувањето на должност да пополнат анкетен лист за имотната состојба. Истото важи и при напуштањето или преземањето на нова функција. Дотолку повеќе што анкетните листови од почетокот и крајот на премиерската функција на Груевски не се достапни на сајтот на Антикорупциската комисија и споредба не може да се направи“, оценија од ЛДП и порачаа дека на ваков начин комисијата која треба да се бори со корупцијта,  ја замајува јавноста.

Експертите велат дека достапноста до анкетниот лист на поранешните функционери е непоходна бидејќи само така јавноста може да направи споредба дали и колку се променила имотната состојба пред и по стапување на функција.

„Кога еден функционер ќе замине од функција, како ќе се оствари улогата на анкетниот лист, однсоно како ќе се добие увид во евентуалните промени во имотната состојба по стапувањето и по завршувањето на функцијата, ако тој нов анкетен лист не се објави. Значи, треба да има информации за имотната состојба при влез и утврдување на имотната состојба при излез од функцијата. Ако се оневозможи ова, тогаш се урива суштината ан анкетниот лист а со тоа и улогата на самата антикорупциска комисија. Би прашал по кој закон и каде пишува дека анкетниот лист, доставен по заминување од функција, треба да се тргне од увид на јавноста и како тогаш да се добие сознание за евентуални промени во имотната состојба на функционерот“, вели за Порталб.мк Малиновски и додава:

„Во Европа, на ваков вид на регулаторни тела функционерите буквално им се “тресат“. Комисиите задолжени за антикорупција во принцип работат потранспарентно дури и во однос на она што е пропишано со законите, кај нас е обратно, она што е утврдено со законите – за загушува“.

Извештај на ДКСК за 2015…

„Во периодот јануари – декември 2015 година се оформени вкупно 124 предмети по пријава за постоење елементи за корупција од граѓани, правни лица и предмети оформени по сопствена иницијатива на ДКСК. Во наведениот период  ДКСК  постапуваше по вкупно 273 предмети, од нив, решени се вкупно 137 предмети“, се наведува во Годишниот извештај на Комисијата за спречување на корупција.

Еве од кои области и колку случаи  лани  добиле разрешница :

– Спречување на корупцијата во вршење на јавните овластувања  41

-Спречување на корупцијата во вршење на работи од јавен интерес  41

– Правосудство 23

-Спречување на корупцијата во политиката 1

-Други предмети 31

Во два предмети, комисијата  одлучила до Јавното обвинителство да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на избрани или именувани лица, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи и други правни лица што располагаат со државен капитал.

Во однос на обврската за доставување на анкетен лист, во извештајот се наведува дека  против седум избрани и именувани лица до надлежниот суд било поднесено барање за поведување прекршочни постапки поради недоставување анкетен лист, односно непријавување промени на имотната состојба. Во овој период по овие и по претходно поднесените барања, судовите донеле 19 одлуки, , пишува неделната економска анализа на Порталб.мк

Лани на адреса на комисијата стасале 552 анкетни листови по избор и именување на функција а во истиот период добиени биле 404 пријави за промена на имотната состојба.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција