АМСМ: Затворени се граничните премини за излез на наши државјани, влез на странци и возила само со дозвола

Од:

Сите наши гранични премини се затворени за излез од државата за македонски државјани, како и за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Градежното претпријатие Илинден – Струга известува дека утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 13:00 – 16:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути поради изведување работи на пат односно минирање.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег

Забарана за тешки товарни возила на два патни правци

Приштина ги затвори премините Брњак и Мердаре