АМСМ: Нормализиран сообраќајот на неколку патишта, се препорачува прилагодена брзина на движење на возилата

Од:

Нормализиран е сообраќајот на патиштата Скопје-Штип кај Кадрифаково, кај Плетвар, Струмица – Радовиш кај с.Василево и Штип – Велес кај с.Сарамзалино, соопшти Автомото сојузот.

Сообраќајот на патиштата, како што посочуваат од АМСМ, се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државава поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу еден час. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

АМСМ: Изменет сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола од Коридор 10, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Метеж на ГП „Табановце“ – за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

А1он

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци