АМСМ: Граничниот премин Евзони се уште затворен, магла на одредени места

Од:

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е се уште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, известуваат од АМСМ.

Поради појава на магла, намалена видливост има на следниве места: Струмица 100 – 200 метри, Велес до 50 м, Неготино до 100 м, Демир Капија до 200 метри, Удово до 100 метри, Гевгелија до 50 метри, Скопје – Катланово и Скопска обиколница 10 – 15 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4×4.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Би можело да ве интересира

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег