Амфетамини пронајдени во стан на 61-годишен охриѓанец

Од:

Кривична пријава заработи лице од Охрид, осомничено за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Полицијата по претходно обезбедена наредба извршила претрес во домот на 61-годишниот К.М. во Охрид, при што во пластичен сад биле пронајдени две најлонски паковки со прашкаста материја. Со вештачење, утврдено е дека се работи за синтетичка дрога амфетамин, класифицира во Листа II на забранети опојни дроги и психотропни супстанци. Дополнително, пронајдена е уште една паковка со мешавина од бензокаин и фенацетин  кои не  се класифицирани во листите на контролирани наркотични дроги и психотропни супстанци, но на илегалниот пазар се користат како додаток во некои дроги со цел зголемување на нивната маса.

Пријавениот К.М. е добро познат на полицијата против кого, за слични кривични дела досега биле поднесувани повеќе кривични пријави. Тој е на издржување затворска казна во Казнено поправната установа „Теферич“ во Струга.

Инаку, амфетаминот е психотропна супстанца која има силни и директни негативни физиолошки и психички ефекти врз човечкиот организам. Предизвикува зголемен крвен притисок, забрзан пулс, зголемена температура, забрзано дишење, кожни инфекции и сл. Постојаната употреба на амфетаминот води до оштетување на мозочните клетки, параноидна состојба, загриженост, растревоженост и психички симптоми кои можат да прераснат во неконтролирана силна агресија.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина