А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Американските студенти со поддршка за протестот против екстерното

by А1он05/12/2014 - 12:5905/12/2014 - 13:00223
Share0

Балканско-американската студентска асоцијација при Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во САД, ги поддржа студентите во Македонија во борбата за нивните неприкосновени права како студенти.

Добивај вести на вибер

На фејсбук страницата на Стуентскиот пленум објавено е писмо со поддршка во кое, асоцијацијата изразува поддршка за барањата што студентскиот пленум ги упати кон министерот за образование Абдилаќим Адеми.

pismoamerikanski-studenti

„Попрецизно, ги поддржуваме вашите тврдења дека екстерното тестирање, односно државниот испит во втора и четврта година на факултетите би било против уставно загарантираните права на граѓаните на Република Македонија и дека би ја ограничило автономијата на универзитетот како независна институција. Освен тоа, застануваме зад вашата осуда на Студентскиот парламент при УКИМ кој несоодветно ги брани правата на студентите на овој универзитет. На крајот, ги поддржуваме вашите тврдења, дека студентите не беа соодветно информирани ниту вклучени во било какви дискусии или дебати околу горенаведеното тестирање. Ве охрабруваме да го продолжите вашето движење и борба против неправичното тестирае како и борбата за севкупните права на студентите во Република Македонија. Наша должност е, како студенти да ги бараме своите права, било да се работи за тестирањата, условите за домување, квалитетот на образованието што ни се нуди, или кој било друг аспект од студентскиот живот. Образованието е извор за позитивна промена и мора да остане такво. Од Соединетите Американски Држави до Република Македонија и насекаде во светот студентите се борат против неправдите, трагајќи по проширени знаења, вештини и способност да станат критичко-мислечки граѓани. Мораме да запаметиме дека ние сме идната генерација на оваа планета и нашиот збор мора да се важи во иднината. Самите мораме да решаваме за нашата иднина, а не да им дозволуваме на други да решаваат за нас“, пишува во ова писмо.

studenti

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Горан Наумовски12/08/2025 - 10:43

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Горан Наумовски24/07/2025 - 14:06

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on23/07/2025 - 13:45

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ28/06/2025 - 22:4929/06/2025 - 09:23

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 18:25

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен