А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис в понеделник во Скопје

by А1он13/09/2018 - 18:37161
Share0

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис в понеделник пристигнува во официјална посета на Македонија, потврди попладнево македонската Влада.

Добивај вести на вибер

Делегацијата на САД предводена од Матис ќе биде свечено пречекана на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата на Република Македонија.

Матис ќе има средба со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а потоа е предвидено заедничка изјава за медиумите.

И самиот Матис претходно оваа недела најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.

– Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели и јасно ќе ставам до знаење дека САД го поддржуваат македонскиот народ, рече Матис во изјава за новинарите во Пентагон.

Матис истакна дека е загрижен дека Русија би можела да се обиде да се вмеша во референдумскиот процес во Македонија.

– Ако имате гласање, Москва ќе се меша. Јас сум загрижен за тоа. Такво мешање Русија практикуваше од Естонија до САД, од Украина и сега до Македонија, секогаш се прилагодува на конкретната ситуација, рече тој.

Прв пат во изминатите 14 години американски секретар за одбрана е во посета на Македонија.

– В понеделник во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот Џејмс Матис, што се случува првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратешки политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, изјави завчера министерката Шекеринска.

dzejms matisreferendumsad

Би можело да ве интересира

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 10:35

Американски разузнавачи: Кина се подготвува да испорача оружје на Иран и покрај прекинот на огнот

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 09:26

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

Горан Наумовски10/04/2026 - 21:26

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:59

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:59

Техеран поставува услови: Планот од 10 точки на Иран станува основа на мировните преговори

Горан Наумовски10/04/2026 - 16:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто