Амбасада на САД во Скопје: Ќе продолжи издавањето визи

Од:

мбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје соопшти дека нејзиниот сервис за пасоши и визи ќе продолжи да работи и покрај затворањето на американската Влада.

„Закажаните сервиси за пасоши и визи и сервисите за итни случаи за граѓаните на САД ќе продолжат во амбасадата за време на затворањето на владата на САД. Нема да го обновуваме овој профил редовно, освен во итни случаи“, соопшти Амбасадата на својот профил Твитер.

Американската Влада престана да работи откако остана без финансирање поради неможноста на републиканците и демократите да го договорат новиот привремен буџет.

Би можело да ве интересира

Иран: Непријателските бази во регионот се легитимни цели во случај на агресија

Аракчи: САД не побараа, а Иран не понуди суспензија на збогатувањето ураниум

Путин: Американските санкции врз Куба се неприфатливи

Техеран со остра порака до Вашингтон: Стоп за заканите со сила

Горан Наумовски

CBS: Американската војска е подготвена да го нападне Иран во сабота, Трамп сè уште не донел одлука

Иран подготвува гробишта за 5.000 американски војници во Техеран

А1он