Американска амбасада: Во емотивни моменти можат да се случат ненамерни грешки

Од:

Американската амбасада во Скопје се огласи на социјалните мрежи по пропустот при изведба на македонската химна од Тамара Тодевска на синоќешната прославата на Денот на независноста на САД, 4 Јули.

„Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Разбираме дека во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, објавија од амбасадата на „Твитер“.

Претходно пејачката Тамара Тодевска се извини за пропустот при изведувањето на химната. Таа ја отпеа химната без делот каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.

Би можело да ве интересира

Касами: Да се интонира и албанската химна во училиштата ако веќе се интонира државната

Орце Костов

Алтернатива: Оној што верува дека Албанец ќе ја отпее македонска химна има сериозни проблеми со реалноста

Орце Костов

Холандскиот јавен сервис се извини откако прикажа одамна избришан стих од германската химна

Жарко Настоски

Заев вели дека не се договарале со Ахмети да ги сменат државните симболи

Жарко Настоски

Не се разговара за промена на знамето, грбот или химната, велат од Владата по изјавата на Ахмети

Жарко Настоски

Тамара ги откажа концертите: Ненамерната грешка прерасна во вистински пекол

Татјана Ташкова